бев (гл.) - книга (имн.)

Со еден единствен потег го заобиколи литературниот процес со цел да ја спроведе Флоберовата дефиниција за писателот кој треба да биде “како бог во својот универзум, невидлив, но секаде-присутен”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Неговото прво литературно дело што излезе во јав­носта беше новелата “а” (1968), колаж на аудио транскрипции.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Снимките на тривијалните разговори и озборувања што кружеа по Фектори беа исчукани и средени од Боб Коласело, а резултатот на тоа беше книга како некаков компромис помеѓу Глас на Дерида, поради редовите на рефлексивна проза во неа, и синопсис за некаква сапунска опера.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа беше книга без наслов. Луѓето ја нарекуваа, ако воопшто некако ја нарекуваа, едноставно книгата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во библиотеката како во постојано дежурство беа книгите за јаничарите, јаничаризмот, како една од најголемите балкански болки, со последици во иднината.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Утредента низ Латинскиот кварт, минувајќи преку мостот Мишел, близу Сена, во чија перспектива на двата брега се гледаа отворените кутии на букинистите, минуваше едно жолто камионче во кое беа книгите на Климент Камилски, а зад нив се движеше колата на Сотир Паскали со Климент Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И тој, како и Татко, фанатично веруваше дека единствениот спас за нив и за нивните семејства, по сите пропуштени шанси во нивните ветувачки кариери, едниот во Цариград, другиот во Париз, нивната последна утеха, беа книгите, само со нив и во нив се чувствуваа како победници со неостварени илузии. И само книгите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Или, пак, тоа беа книгите како „Злосторство и казна“ што привремено ја надојуваа ваквата страст со тегличка отровна катарза.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Му се чинеше и дека нема фронт, барем не онаков каков што тој си замислуваше дека треба да има (оти единствен репер му беа книгите на Ремарк), па дури и вестите за загинатите ги примаше со некоја голема скепса, како дел од фиктивното сценарио кое требаше да го сфатат сериозно за да можат соодветно да глумат во него.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога таа ноќ ги испратија во извидница, додека еден зад друг чекореа низ шумата, му се чинеше дека студи толку многу што прстите и преку ракавиците му се залепиле за студената цевка на пушката.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тоа беше книгата за која сум плачел и чија загуба долго време не можев да ја преболеам.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тоа беше книгата што ме доведе на патот за безбројни средби со многу и многу книги.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тоа беше книгата што ми стана неразделен другар во долгите зимски вечери.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тоа беше книга... Вистинска...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
На горниот рафт од библиотеката и натаму си останаа светите книги, а веднаш под нив беа книгите за јаничарите кои, според Татко, содржеа најкомплексни сознанија за разбирање на балканската историја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Негови богатства беа книгите и сето она што во нив го има!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Дури растеше Александар, алатките за учење за успесите беа книгите на Аристотел.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Тоа беа книги кои, според Татковата философија на опстанокот, го затвораа излезот кон светот во одредени периоди, кога превладуваа значењата на други книги.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)