бев (гл.) - историја (имн.)

Бившиот веќе беше историја.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Секое семејство си беше историја за себе.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Историјата си беше историја, а математиката математика (на никого не му паѓаше на ум да собира партии, уште помалку Албанци- сите собиравме гравчиња, пченка и слични на нив).
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Струга, Езерото, Свети Наум, двата брега на Езерото, две мои татковини во една, беа историја на еден друг егзил, за кој му раскажував на мојот палестински врсник.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сакаше и да ме гушне пред да излезе, но за мене гушкањето со него веќе беше историја.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Неговата придружба, која беше историја за себе, со амбиции да му се додвори на таткото на нацијата, симулирајќи ја неговата моќ и луцидност, ја играше вистинската улога на комедијата на апсурдот. Кралот Иби, од истоимената фарса на Алфред Жари можеше да му позавиди.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ми беше блиска оваа поетика на егзилот на Махмуд Дарвиш.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Турскиот амбасадор во Тунис, со претци од Босна, Муарем Тунчер, со кого имав прекрасни односи, кој беше историја за себе, велеше дека вистинскиот амбасадор е само висок чиновник на својата земја!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)