бев (гл.) - идеја (имн.)

Презимињата се наведени според абецедниот ред онака како што стојат во Именикот и претставуваат избор од преостанатите деветнаесет милиони имиња. The falls Интересирањето за можностите една филмска енциклопедија да им биде соперник на Каталозите на целиот свет (Whole Earth Catalogues) од раните седумдесети години и уживањето во составувањето списоци поради нив самите, беа идеи што им претходеа на разни проекти обединети во филмот “The falls”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Првобитно, тоа беше идеја на Г.Б. се разбира“, додаде тој како да се поправа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во неговиот проект доминантна беше идејата за лавиринтите (посебно за границите лавиринти), потоа метафората за јазиците (опфаќајќи го потеклото на јазиците, универзалните вештачки и природните јазици, чистењето на јазиците од зборови од други јазици, јазичната унија на балканските јазици), тука беше и постојаната идеја за јаничарството и јаничаризмот (во сите балкански империи и со неговите метаморфози особено во отоманскиот османскиот период, влијанието врз идентитетите, верските конверзии, идеологиите), потоа идејата метафори на балканскиот бестијариум (метафората на козите, на јагулите, на жртвениот јарец), војните (балканските, светските) и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Секогаш тоа беше идеја за промена, не за повторување.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Поцрвенет во образите, затоа што тоа повеќе беше идеја на бабата отколку негова, дедото погледна накај ходникот, а таа во огледалото веќе му покажуваше со рака, што значеше „ајде, речи, речи конечно!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тој не се обрати до Трудовата инспекција затоа што тоа е државен орган во состав на МТСП, а исто така и АД „Охис“ е во државна сопственост – така што Величковски вели дека и доколку евентуално би се обратил, тоа би била ситуација во која „кадија те тужи, кадија те суди“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На почетокот негова, како и на на останатите негови колеги кои беа во иста положба, беше идејата да се покрене тужба преку правната служба на матичната синдикална организација на „Филком“, но оваа идеја подоцна се изјалови.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Немој да си ми фаќала во албумите! – викна Саше по мене, ама не му одговорив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Немаше ништо страшно во тоа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Што сака нека прави, си помислив налутено, негова беше идејата да го шетаме Бак, не беше моја.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Моја беше идејата да отидеме попладнево во парк без да им кажеме на нашите дома.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ако добро се сеќавам, ваша беше идејата да ги поврземе двете реченици со „и“, така да ова што сега го правите...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Заврзи го! Твоја беше идејата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Доволно беше идејата да му се допадне некому, колку и да е необична, па да се донесе одлука - снимај!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Тука јас заповедам. Моја беше идејата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Ама што ти е тебе, по ѓаволите! Креваш бунт!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сакаш водач да станеш? Штотуку ми се прчиш пред овие...“ скокна Љупчо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)