Беше зима и токму кога ја фаќав кривината, од горе се откина грамата снег и се истури врз камионот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Беше зима и дефилето, бундите што се движат како на модна писта, беше ретка глетка во тој дел на градот, каде се знаеше за лажна астраганка во црна боја и толку.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Откако сѐ провртеа и, бидејќи беше зима, немаше баби на клупи на видик, похрабрите правејќи бучава, божем се работи за најлегално влегување во стан, се обидоа со хебла да го избијат цилиндарот, а не одеше лесно, па нервозниот ја скрши вратата со клоца.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
„Гертруда е мртва,“ рече девојката. „Оттогаш минаа неколку години. Беше зима.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Беше зима и јас бев убаво облечена во тегет палто, на главата имав беретка, шал, бели длабоки чевли и бели завратки.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Рацете над лактите му беа здебелени и нежни, нефатени од сонцето, бидејќи таму, во земјата од која доаѓаше, сега беше зима или, она што таму се нарекува, зима.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)