бев (гл.) - збор (имн.)

Слични мисли, само различни вербални стилови.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Да беше збор за спортска приредба, опстанокот и преживувањето на народот ќе се темелеа врз здравиот дух во здраво тело, врз фискултурата која ни ги крепи телесните и духовни способности.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Од каде да почнат со толкувањето. Дали во почетокот беше Зборот или почетокот е крајот, а крајот е почетокот?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Осознаваше дека во душата се населени и оживуваше нешта кои тој потоа ги пресоздаваше, и допираше сѐ што беше создадено од Бога или од него.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Единствено што не можеше да допре беше зборот!
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Макар да беа зборовите „црна чумо", на Ката пријатно и подејствуваа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Легни бре, ќерата и симни шалварите да не замавам по очи, по глава! — беа зборовите на гавазот и заптиите кога требаше „да си поминат на редот“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Првото што го рече, кога ја постивна возбуденоста во градите, тоа беа зборовите што ѝ ги промрмори низ заби на жена си: - А ти пак... роднините...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Првото што му дојде на ум, откако почувствува дека е спасен, беа зборовите на војводата, кој, на тргнување од Прилеп, му рече: “Внимавај!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Навистина бев многу многу внимателна па и разбрана.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ете, тоа беа зборовите што ги употребив за да го премавнам недоразбирањето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„И денес се разбудив пред сите пилци“, беа зборовите со кои ќе ме пресретнеше мајка ми во тремот кога ќе излезев од собата замижан и поспан.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа мора да го правиш секое утро! – беа зборовите на старецот кој беше многу блиску до Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Зборот на партискиот секретар, на политичкиот комесар беа зборови на партијата. Беа свети. Се примаа и се прифаќаа без поговор.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тоа не беа зборови, зашто ти уште ниеднаш во својот живот не си имал нешто, што би можел погневно да го запрашаш некого.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А најчестиот збор во устата на Ружа беа зборовите курва, распуштеница и сето тоа како сигурен баксуз и несреќа во куќата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Здраво Ивона! - Здраво, госпоѓо, Рада! - Што прави мојата миленичка? - беа зборовите на Рада со кои Ивона беше пријатно изненадена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Среќо моја,благодарам што дојде! - беа зборовите на Рада шепнати во цврстата прегратка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дали оваа реченица укажува на тој факт?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Да се обидеме да ја дешифрираме во светлината на тој настан: act (чин) може да биде заменет со зборот песна, на истиот начин на кој Гете во „Фауст“ збор го замени со чин; во библиската реченица „во почетокот беше збор“ (песна); во почетокот беше чин; red (црвено) е замена за хомонимот read (читање); ter or треба да се прочита како тенор; epergne може да стои наместо epargne (фр. да се сочува).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Госпоѓа“ беше збор што Партијата не го одобруваше - очекуваше секој секому да се обраќа со „другар“ ( но со некои жени човек го употребуваше инстинктивно ).
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Четврток Јуни На почетокот беше зборот сеприсутен, осамен и семоќен.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Вторник Септември ...чувствата се само чувства и ништо повеќе - беа зборовите на соговорникот. Премногу самочуствие зарем не?!
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Крчо пак, скриен во малото ќералче, слушаше како шепоти Нешка кога беше зборот за него — да не ја слушне мајка ѝ — а после заедно со Тода се смееше изгласи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тркалото почнува да пее, забавено да игра: - На почеток беше збор, само мал, изгубен збор и како секој осамен збор и тој си бараше одговор.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Ако е така, кои беа зборовите што ѝ подлежат на забраната?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сите, сите ме напуштија, беа зборовите што таа ги изрече пред да ме бакне.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Всушност не прашував јас; тоа беа зборови на самоконтролата и недовербата кои по некое непишано правило ми наидуваа во бранови.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Првиот што ме напушти како што знаеш беше лично мојот Благоја, кој откако се прикажа мртов херој го избра заминувањето како единствено решение, а по него еден по еден му се придружуваа сите негови другари од борбата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- беа зборовите на стариот писател.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но жената, за која веќе ме нагризуваше сомнението дека е тетка Боса, покажа со очите преку себе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Беше зборот секоја вечер да се наоѓаме таму.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
БОРИС: За славините ми беше зборот. (Пауза) Велам славините ги поправив. МАТЕЈ: Аха? БОРИС: Аха. МАТЕЈ: Беа расипани?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Мене ми беше зборот дека за тоа се потребни пари.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И одеднаш ја повлекува раката, самото движење како да беше зборови кои кажуваа дека навистина има нешто невидливо веќе меѓу нив што зема половина од нивната блискост.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тоа беа зборови што ги беше прочитал во еден напис зачуван меѓу книгите од манастирот Свети Ѓорѓија-Горг.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тоа беа зборови кои ги употребуваше уште кога се фативме, т.е. од кога тој се фати за мене.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)