За интересирањето на уметниците за материите кои предизвикуваат психоделични промени на свеста можеби најголема заслуга има Олдос Хаксли, кој вели: “...едно сончево мајско утро проголтав четири десетини од грам мескалин растворен во вода и седнав да ги чекам резултатите”, потајно надевајќи се дека ќе успее да ги посети световите кои на Блејк, Сведенборг (Swedenborg) или на Јохан Себастијан Бах им беа дом.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Шаторот беше дом и мораше да ги штити и мажите и жените во него од сите надворешни искушенија.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Она што му беше дом Таа паметеше многу работи.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
А сега беше не километри, туку светлосни години далеку од градот што го сакаше и од куќата што му беше дом...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ноќта беше мирна и единствените звуци доаѓаа од нејзините нови станари.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Она што му беше дом задрема во својата самотија, под меката покривка на новиот снег.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Посака да потпевне некоја од песните што ги слушаше момчето, некоја од многуте мелодии што ги носеше во секоја своја тула, оти беше проколната никогаш ништо да не заборави.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
За луѓето од нејзините спомени таа беше дом, место за сонување, за посакување, за тагување, за радување, за враќање.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Во исто време, без збор или разменет поглед, тргнаа кон вратата за да ја напуштат зградата којашто во комунизмот беше дом на армијата, а сега беше пренамената во Куќа на братствотo на патриотската гарда.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)