бев (гл.) - грев (имн.)

Денес видов сѐ, имав визија утринава. Велам, тоа беше грев!
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Елен да повредиш беше грев. Турците нив ги тепаа, ама тие тоа го правеа зашто, се знаеше, беа друговерци.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Само очите им светкаа и не беа грев туку сведоци на гревот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Реков – не! Ми беше грев. И така еден ден прчот папса.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
По тоа пливнато огледало беше грев да гребеш со веслото, па го оставија чунот сам да ги врати на брегот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Златните дамки во нејзините светкави очи страсно потемнеа, се згуснаа во грозд на чедноста и не беа грев; беа зрна на опиеност, семе на непознат плод.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Најпрвин ликовите беа нејасни. Само очите им светкаа и не беа грев туку сведоци на гревот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Лудилото веќе не беше грев кон Бога, ни злосторство, туку попуста егзистенција, промашен живот, живот како неискористена шанса.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Она што само еднаш го добива човечкото суштество - животот – го уништува со лудилото и покрај тоа што го живее, бидејќи го живее без резултат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)