бев (гл.) - глава (имн.)

Главата на композицијата прво ги влече натаму, па нивниот последен вагон ќе стигне до таму каде што беше главата и при тоа Чана открива долу во црната кал ту некоја откафтена вратичка од долапче, ту бовчуле, ту заштукан чевел, ту кокошка која пафкајќи со крилјата не знае на каде да фати.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Каде ви беше главата да размислевте, девојчиња сте, ве сметавме паметни, а вие?!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Многу сте нè разочарале, да знаете, ептен многу.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сега тој беше глава на своето потесно семејство, но и на поширокото семејство, откако исчезна дедо.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Бонети, кому му беше главата падната на масата, ја поткрена и му рече на кметот: - А? Ќе биде ли нешто со таа Цара?
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Милан формално беше глава на семејството, патријарх, но Кети беше неоспорно газдарица во куќата. Ѝ се чинеше дека сите предмети се свесни за ова, како да беа задоволни од тоа, па дури на некој начин, одразуваа еден дел од олицетворението на Кети.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)