Тој кај неа седеше, па луѓето си мислеа што си мислеа, ама ни нему, ни на Бојана, па ни на Ристета ич не им беше гајле.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ама оти ги даде сите голи како змија на трн, многу му беше гајле!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А пак бидејќи имаше лош карактер, и бидејќи беше себичен, си и гледаше само себе а за другите не му беше гајле реши уште истиот ден да го напушти својот стан под ќерамидата и да се всели во станот од ластовиците.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Како што рече еден критичар, нашите филмови и изгледаа како куќни филмови, со таа разлика што нашата куќа малку се разликуваше од другите.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Оние другите - кои баш им беше гајле за комерцијалниот успех - работеа радикални работи на радикален начин и, ако публиката не успее баш најдобро да сфати за што станува збор, тогаш тоа беше тоа.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Коса беше многу straight претстава, бидејќи, иако зборуваше за хипи животот, сигурно не беше негов дел - односно, можеби беше негов дел кога го напишаа Џим Радо и Џером Рагни и кога Том О Хорган го режираше, но многу брзо падна во рацете на оние кои знаеја да ги направат работите такви за да поминат кај широките маси. 130 Margina #15-16 [1995] | okno.mk (...) Прикажувањето на ****, кое беше во декември во Синематик - беше единствено прикажување на сите 25 часа филм без прекин - ги врати сите оние рани денови кога снимавме филмови од чиста забава, со единствена желба да забележиме сè што им се случуваше на луѓето кои ги знаевме.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Се замислував дека сум невидлива, никој мене не ми обрнуваше внимание и, баш ми беше гајле.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
А главата во облаци, и баш ми беше гајле дека некоја мајка се секирала за мене, мене ми беше убаво.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Кому досега му беше гајле што мене шест години ме стуткуваа и ме растегнуваа, додека не се претворив во некаква, од судбината осудена провинциска газела - со крупни очи и со ништо друго?
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Нему баш му беше гајле, не беше тој човек кој се пува, ама им беше важно на луѓето, им требаше церемонијал.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Но таа цел ден седеше таму, не продаде ниту едно врзопче чај и баш ѝ беше гајле за моето поетизирање!
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Удираше крвнички по железото. Му беше гајле за ритамот.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Јас, да ви кажам право, бев како маѓепсан, ни збор да ми излезе од устава, само молчев, како загулен, никако да му објаснам на брат ми, дека 66 okno.mk сум дојден по своја работа, дека имам право да имам своја работа и слично а тој, како и обично, ни паре не даде за мене, баш нему му беше гајле дека јас нешто имам да завршам.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)