Имав внук – тој сега ќе ви беше врсник и ќе работеше со вас ...
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Татко и Климент Камилски беа врсници, родени обајцата во 1898 година (дури ќе починат во истата 1976 година).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Едниот син ми беше врсник. Тогаш сите одеа на училиште.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Цела година го носи гунчето наопаку, береше китки по нивјето и гората и му ги даваше на комшичето Стојана кое им беше врсниче.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Мислеше прво на Претседателот и на сето време откако го познаваше. Беа врсници.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ние две постојано бевме заедно, зашто бевме врснички, но немавме никакви играчки.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
XIV Градинарот Раиз имаше кралско име, а служителски живот. Беше врсник на Бургиба, беше влезен во деветтата деценија на животот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Најстар од нив беше Крсте Младенов, речиси му беше врсник на братучедот Најда Махаилов, и затоа заедно со него посветен во работата на Организацијата и заедно со него излезен да комитува.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)