Се колнам, ни ги запали срцата. Пееше: - Ој, фашисти, проклетисти! Тоа беше врв!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Меѓу нас зборот предавство беше врв на најстрогата казна.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тоа беа врвовите од крошните на највисоките буки, со кои беше обрастена сета таа угорница, која тој требаше да ја искачува целиот иден ден.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Летото 67. беше врв и сега сѐ почна да тече многу полека.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Но, ова сега што се случуваше беше врв на сѐ, најболно од сѐ досега.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Проклет да бидам, тоа беше врв, совршенство.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
На сета мака што ја претрга, проклет да бидам, ова ѝ беше врв.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Тоа беше врв на суптилноста: свесно да предизвикаш несовесност, а потоа, уште еднаш, да станеш несвесен за чинот на хипнозата што самиот штотуку си го извршил.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)