Само едно Петре беше посреќен од Митрета, што патема за фронтот, преку Дуње и село Манастир, во Витолишча го најде татка си Петка со невестите и децата кај Илка Сукалов, кој го прибра „од гревот" да им помага на уште малите негови деца Толето и Нешка, оти сега сите Куковци, Дрманчевци, Ѓуровци, Пуцевци и други сиромаси исто така беа војници, та Сукала, Билјарот, Чолакот и другите чорбаџии не можеа да најдат момоци за триста гроша годишно и аргати за три гроша дневно.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Дјуган беше војник под договор.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Заборавија на него и се собраа околу поднаредникот и наеднаш не беа војници, беа цела шума опасно разнишани брестови.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тие стоеја однатре на влезот, беа војници од излог со детски играчки и рамнодушно ждракаа кон арената.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Молчеше малку, па воздивна: - Долга историја е тоа. Тој беше војник, служеше во морнарицата, во некој град далеку некаде, што се вика Риека.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Бевме чисти и сити и секој ден бевме војници.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ние бевме војници, голем дел членови на партијата и тие, од горе, го држеа тонот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Среде одеа селаните, а напред и назад беа војниците, со свртени пушки во нив.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
А јас, јас бев војник, суштество што заборавило дека постои и осаменост...
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Баба Воскресија можеше по звукот на металното раче да открие дали пред капијата беа војници, луѓе кои ја повикуваа Марија за медицинска помош, или беше некој од соседите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)