бев (гл.) - вест (имн.)

Тоа беше вест што убиваше, вистинско сознание во пијанство пред кое и рамнодушноста запенува и се пропнува како исплашен коњ. „Тој те пцуеше“, чу и се тргна, ги спушти од дланка двете копчиња во празната чаша.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тогаш и подоцна сѐ почести беа вестите за тоа дека селаните ноќе чуваат стража за да се бранат од бандите пљачкаши, кои кружеа по селата и ваму-таму ги пресретнуваа џандарите со истрели; дека особено Македонците, кои страдаа и заради учеството во движењето на отпорот, а најмногу заради своето потекло, веќе имаа почнато да се организираат во групи за самоодбрана.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Весникот од кампусот на Универзитетот на Мичиген, Мичиген дејли, сѐ уште се немаше закачено за приказнава, но, благодарение на интернетот, таа веќе беше вест во Австралија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)