А во тие прилики најважен фактор бевме ние.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Овој настан му го опишав на David Zack кој отприлика реагираше во стилот дека подобро ќе беше ние да го скршевме клавирот отколку тој нас.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
А и некој да ви ги направеше кој ќе ви работеше во нив, ако не бевме ние селаните.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Доста, доста! - подвикна Никодин. Да не бевме ние, кој ќе ви ги направеше сите овие фабрики?
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ние - беше нешто премногу конкретно и нешто сосема нестварно, истовремено, организам кој нѐ препознаваше и во кој се препознававме, оти тоа, всушност, бевме ние, судбина наша и на многу други кои секојдневно се заплеткуваа во пајажината што ни стана порок и заради која како инсекти се заробувавме самите себе станувајќи му плен на црното страшило кое упорно чекаше во дувлото да нѐ зграпчи со своите канџи.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Кога забележа дека блондината гледа во него, еден од браќата се насмеа. „Ти се допаѓа тој?“ праша и не чекајќи одговор рече: „Ако не бевме ние, оној, твојот, ќе го убиеше.“ Отец Симеон се промешколи во ќошот и ја дигна главата.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Бевме едни мршави како рошки какви што бевме ние тројцата браќа и џбитаци каков што беше Љакето кој личеше на боримечка.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Не бевме ние блиски, но што е тоа важно кога јас се најдов тука и го видов болен.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
„Така“, му вели Ѓеро, „ако не бевме ние да ја празниме водата од чунот, ти ќе потонеше...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Беше многу одлучна кога бевме ние во прашање. Ништо не ја колебаше нашата мајка!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Ама царот Сонце и царицата Месечина еднаш замрзнале на небото. На синовите удрила чума ...“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Царот и царицата имале синови колку што бевме ние - Дмитар-Пејко умре, Јане Крстин и Пеце Дановски загинаа од турска пушка, Васко Тушев се врати во Кукулино. А Онисифор Мечкојад?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тоа име бевме ние таму, во Сук...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Јас на моите деца, кога беа мали, им забранував да примаат другарчиња ако не бевме ние доба.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
И преку ѕидот да беше ние веќе го гледавме како доаѓа, проклет да бидам, како некој голем маршал.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Ни наредија да се придвижиме кон вратата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Извлеков само една стара фотографија од албумите – на неа бевме ние сестрите, нашите браќа и нашите родители, и ја ставив меѓу десната града и градникот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Од распаднатиот куфер го извлеков само она што не беше мое, и го ставив меѓу левата града и градникот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога го симнав градникот, со него падна и пожолтената фотографија на која бевме ние, сестрите Фројд, нашите браќа и нашите родители.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
За мајка ми историјата – тоа бевме ние, гладните деца без кози, како и ситите деца во семејствата со кози...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Имаше дури од некои и клетви, ама клети ти бевме ние што останавме.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Животот можеби не ќе беше ни овен ни бишка, ако не бевме ние, вели речиси налутено Крсте Манев обѕирнувајќи се да види кој сѐ го слуша.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Кога не можеше да го разврзе јазолот на Татковите згустени мисли, во миговите пред заминувањето, во текот на самото патување, тогаш таа си се враќаше кон својата постојана грижа, а за неа тоа бевме ние, нејзините деца, четирите синови и малата ќерка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)