бев (гл.) - фати (гл.)

Мајка ми, речиси докрајчена од последната рожба, го беше фатила стариот ритам на работа, па пак ги следеше бессоните ноќи на татко ми.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Јас бев фатен како во стапица - не можев и не сакав рамноправно да се карам, а не можев ни да одмавнам со рака.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Два дена не се бричел и сега се гледаше дека брадата му потпораснала и на неа се беше фатила прашина и пот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таму каде што претходно живеевме вриеше од оние плочести, темни, влакнести лебарки, молневито брзи, а сепак сосема добро видливи кога исплашени од кујнското светло исчезнуваат меѓу подните штици и низ пукнатините на подот; во оставата една речиси дури ја бев фатила со прсти пред да избега фрлајќи преку скробот сенка, слика на исплашеност во мојата рака.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
— Аир ефендум, ошче за кумити сме ние старите. Не гледате, едната нога веќе ни е во гробот, — му се испушти на стариот Главчета кој ги беше фатил 99те и ѝ се надеваше на стотата, која сигурно ќе ја фатеше ако не беше пријателот Арслан.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Главче почна да се правда дека тој од дома не може да излезе, а камо ли кумитлак да брка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас кабул не а чина ни на вој век ни на тој! — заврши Толе лутито и сакаше да излезе, да избега од оваа срамна ропска куќа, но вратите веќе беа фатени — големата од татка му, малата од стрика му.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Децата, заробени во скутовите на мајките и бабите, беа фатиле такт во својот плач со тупкањето на тркалата од возот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Со овие мисли и со речиси утврдена мисија, тој се упати дома... II Татко се врати од првата прошетка низ градот, а Мајка, чекајќи го загрижена, на чардакот, по напорниот ден, ја беше фатило лесна дремка.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ни град полињата житородни ги беше фатил, ни рој од скакулци се вдал, ни султанот арачлии час предвреме им пратил да збира арач лут без жал.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Беше фатен во некоја куќа при ноќна кражба заедно со болникавиот Цветан.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Змијата се смота во јазол во кој беа фатени двајцата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Утрото, сѐ уште не беше фатила зора, стигнавме на влезот од Битола.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се облече, си ги зеде скулпторските алатки што долго време не ги беше фатил и пак излезе во дворот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Што беше удрено од Бога, остана на полето, што беше фатено од далгите беше однесено прудолу.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Многу нешта што му требале на царот за војската, оделе откај него да купуаат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ал'ш - вереш страшен беше фатило да праит и се прочуло по целио град.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Беше синозелен мраз во неговата длабочина, беше искадравен во дебелите столбови мранзули, полеани и плиснати надолу, како замрзнувањето да беше фатило и скаменило само еден миг од разиграноста на палавиот поток, со сета негова боја, со сиот негов немир.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не стигнал позорникарот, откако со прст ја притиснал својата десна ноздра, со левата да го повлече половината грстче, кога мртовецот кивнал толку силно, што наполно им ги испрскал очите на сите тројца.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Имено, позорникарот на некојси кварт во Кирјушкиновото сокаче веќе го беше фатил мртовецот за врат на самото место на престапот, кога се обидувал да му го симне дебелиот волнен шинел од некој си музикант во оставка, што во свое време свирел на флејта.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Најпосле, Кејтеновиот син беше фатен на дело.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Доброутро, Стеване, доброутро, светијоване. (Петруш, како и други прилепски трговци, беше фатен светијован окоро со половината мариовци кога одеше со Алекса Баба варија да го брка комитата Ѓелета Галишки и Катар Ќаа по мариовските планини).
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во тоа време беше фатила општа епидеммја по децата во селото и многу од нив изумреа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Веќе дланката од десната рака му лежеше на земја, а со левата беше фатен за пушката така што можеше да стане веднаш по Србина.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Многупати татко му го скаруваше за дека се забавал в град и не идел да му помага во работата; арно ама Силјан беше фатил еден лош пат, тики ич не го слушаше татка си и мајка си, што ти велат вај, бај да не се настрви пес на касапница, да после мачно е да се одучи.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Туку само затоа зашто добриот анѓел ме беше фатил за рака и ме водеше, ми наредуваше какви да ги сторам чекорите, на каде да се занесам, каде да се поднаведнам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Јас го бев фатила сирењето со една рака, а со другата го држев лебот, подготвена да ги однесам во кујната и да им го барам местото.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)