бев (гл.) - успее (гл.)

Признаваше сѐ, дури и тоа што беше успеал да не го каже под тортура.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но тие, лукави, кога не успеаја да ги купат христијаните, се обидоа кај Турците; за големи пари, после се дозна, беше успеале да го купат Амди ага, за тој, кога ќе бидат готови, соѕидани општината и училиштето, да појде во Битола и да го извести лично владиката.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Бесчујно излегувам од собата. (235) Комунизмот беше успеал да отуѓи цели генерации од етиката на работењето, да ја убие во нив и најмалата желба за работа, да ги направи мрзливи.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А истиот тој разум отворено ми шепотеше дека љубовта може да попричека.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не се сеќавам на кој начин но бев успеал да се уверам себе си дека разумот е единствената вистина што може да не води низ опасните патеки на војната.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И тогаш чиниш беше прероден од тоа што беше успеал некако да поверува и сакаше и сите други да му поверуваат нему. И навистина луѓето веруваа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)