бев (гл.) - стемни (гл.)

Откако сѐ извадија од ковчезите и купија од дуќаните уште дарови не само за зетот и за неговите роднини, туку и за сите што беа поканети на стројот, и се послаа простирките и по должината на целиот двор, пред лицето на куќата, од каде што ќе доаѓаат гостите, таткото нареди да се запалат фенерите на улицата и ламбите во одаите во чардаците, макар што не беше стемнето и се гледаше добро од дневната светлина...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Одамна беше стемнето во Атеистичкиот музеј.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А беше стемнето и длабоко во нас.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Џипот дојде кога веќе беше стемнато.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И затоа и нејзе и беше стемнето пред очи, та не Илко ’рслан човек, ами црниот Ѓуптин Марко да ја побараше, ќе одеше, само и само на свое да седне, на свое да легне, од свое да касне и се напие.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)