бев (гл.) - стаса (гл.)

Моите предци умееја да живеат долго, да го достигнат духовното ниво без писменост, која тоа време не беше стасала до селата, знаеја да комуницираат со Бог и со природата, без да знаат да читаат и пишуваат тие живееја согласно Светото Писмо.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Но, состојбата во Македонија, беше стасана дотаму, сите да почнеме да допринесуваме за да ја подобриме, не само да мислиме за личните поединечни кризи.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Ајдее, веќе три пати ти кажав. Престани да бладаш и затвори ги очите. - на Младен ракијата веќе му беше стасала до петици па ’рчејќи го совлада сонот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се сеќавам дека деновите пред да замине за Маказар, со работата бев стасала до проблемот на сакрализација и десакрализација на политичките водачи, тоа добро го паметам оти долго потоа тапкав во место, целосно бев дезорганизирана, како и секогаш кога го испраќав на пат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но, самиот се потресе кога еднаш се расплакав над една негова песна на која сѐ уште не беше стасал да ѝ ги стави своите иницијали.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ама, одеднаш се штрекнуваше и застануваше: чекај, ами ако времето не беше стасано? Можеше вратот да си го прекрши.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А штом веќе беа стасале дотаму, дали не беше повеќе сеедно ако и ибн Тајко прашаше отворено за Атиџе?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Беа стасани на целта, да. Рибарот тоа го знаеше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Волците беа стасани да го освојат целиот негов круг, заедно со ноќта.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаеше дека во оваа шума југовината беше стасала само колку да ја смекне површината на горниот слој од тој снег, а после дошла северната ведрина и таа знаела многу добро што да стори со него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Одеше тоа по неа, како да имаше под себе еден широк мост, сосема слободно, и Језекил, љубувајќи му се, просто сети како почнува да оздравува, но тоа траеше само додека момчето не беше стасало до средината на талпата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа бела ноќ сега беше стасана и седната над сѐ наоколу.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа стебло веќе беше стасано да обори на снегот крај себе неколку откинати брадички.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)