бев (гл.) - соочи (гл.)

Маклабас беше и пародија - но и критика - на некои аспекти на балканскиот човек, кој во тие времиња (а и ден денес) беше соочен со големи политички, социјални и културни проблеми.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Не само што феминистичките категории на Исток и Запад се различни, туку и проблемите со кои пост-комунистичките жени се соочени се поинакви од оние со кои западните феминист(к)и беа соочени пред дваесет години, на почетокот на вториот бран од нивното феминистичко движење.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тој просто беше соочен со потребата да оди да го побара, кога веќе не наиде на некоја трага по која ќе тргне. Полесниот начин не му успеваше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И кога веруваше дека стигнал до целта, до слободна Палестина, тој беше соочен со неочекуван пораз, со уште потрагични последици.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа беше жестока борба во која Арафат го беше вложил својот живот, но и животите на илјадници Палестинци.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Чекорев нервозно и немоќно од едниот до другиот крај на резиденцијата. Во мојата прва дипломатска мисија бев соочен со државен удар во пријателската земја на приемот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Заради тоа што индивидуалните интереси не можеа да бидат задоволени - тие бараа колективен напор.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Типот на конфликти со кои мнозината беа соочени во 19-иот век водеше во создавање на масовни политички партии, масовни синдикати итн.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Се извинувам“, рече тој, трудејќи се да не го открие својот домашен проблем со кој беше соочен.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Сега меѓутоа беше соочен со еден свет со кој владее непредвидливоста, во којшто поредокот на нештата во момент може да избега од контрола, во којшто кревкиот слој на цивилизираност секој момент може да регресира кон бестијалност.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)