бев (гл.) - совлада (гл.)

Го беше совладало чувството на замор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Однадвор беше посакувана жена во која се загледуваа и оние кои сѐ уште не ја беа совладале азбуката на љубовта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сиот мој немир беше совладан.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ги сметав за богови; нивните соло партии ги свиркав со устата воодушевувајќи ѝ се на инспирацијата што ги создала; но кога научив да свирам саксофон, кога технологијата на свирење (на дишење и работа со прсти) веќе сосема беше совладана, таа магична аура околу нивните солоделници сосема исчезна: јас видов дека таа совршеност во огромен дел се должела на техниката на свирењето и дека некаде, токму техничкиот потег на прстите, уиграната техника на дишење (неможноста да вдишеш двапати по ред без да издишеш) била таа што решавала цели пасажи од мелодиските линии.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Земанек седеше на своето место; очигледно, и покрај сите физиолошки потреби за сон, што обично се викаат мамурлак, тој беше совладал еден физиолошки закон; на тоа го обврзуваа редот, поредокот, општеството.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но и после, и кога беше совладан од тешкиот сон, таа црвојадина продолжуваше да го глода и да ги населува неговите соништа, терајќи го и таму, и во соништата, да продолжува да се ежи и да се преметнува, да стенка и со некакво чудно завивање да им се одѕива на сите оние расплакани и закискани од ветерот лелеци на дивината надвор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Совладаниот, оној што требаше да биде совладан и што беше совладан тука, беше тој, застанат без здив и исплашен под чамот, ширејќи ја миризбата на својот страв многу погусто отколку тоа прекрасно израснато дрво својата миризба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Така здушени, малечката и големата уста, упатувајќи си топли здивуви една во друга, најпосле Пелагија беше совладана од вистински длабок сон.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Медитеранската тишина беше совладана во сите нејзини димензии.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Убивањето на туните, притеснети во малиот простор, го следат громогласните извици на матанѕистите, на чело со нивниот капетан Монги.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ридот неколкупати преминуваше од рака во рака и беше совладан од владината војска.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Неговата борба ја продолжи Бендо Шапердани, но и тој беше совладан со лукавство од охридскиот Ахмет – паша.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На Исток се вестеше руменилото на Сонцето. Светлината на денот ја победуваше жолтата светлина на татковата ламба, а сонот веќе ги беше совладал Татко и Мајка.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Нејзиниот глас го беше совладала внатрешната Мајкина тишина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)