бев (гл.) - случи (гл.)

Во Наташа се разбуди искра надеж: дојде до некаков контакт, некое разбирање; но сето тоа се беше случило само во човечкиот дел од свеста на старецот, оној што исчезнуваше; само оттаму допре тој кревок знак: „не сум јас“; а внатре... внатре... во длабочината на неговата сегашна душа, тој знаеше што е со неговото „јас“; тоа стана трепет од непостоење и цицање крв. 74 okno.mk Поради тоа неговите зборови не го променија неговото однесување; изговорувајќи ги, тој неумоливо се приближуваше до ќерка си... и се впи во неа: Наташа ја загуби свеста.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но стигна уште и да каже: „Јас тука ништо не можам“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Повторно нурна во својата осаменост, во која немаше ништо освен апстрактната потреба за цицање крв.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Најпосле се најде пред една пуста уличка со светилки, веќе сосема обичен; дури и беше заборавил што се беше случило со него.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ах, дури по некое време се сетив дека тоа добро дело не се беше случило, туку така, од ништо. Во заднина стоеше некој!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Подоцна, кога публиката веќе не правеше разлики меѓу редимејдите и другите уметнички продукти наменети за продажба; односно тогаш кога успеја да ја амортизира бунтовничката сила на Duchamp-овите идеи, тој самиот веќе не ја гледаше целта на ваквото противуметничко дејствување, и ја напушти својата антиуметничка стратегија, вџашен од сето она што се беше случило.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Директорот им раскажа на мајките за сѐ што се беше случило претходниот ден.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Татковците се секогаш премногу зафатени и немаат време за вакви расправии.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Откако знаеше за себе и за планината, вакво славење тука не се беше случило.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Впрочем, да додадам веднаш: мајка ми, никогаш и пред никого немаше изразено жалење заради она што се беше случило некогаш, во времињата на војната.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како ништо да не се беше случило!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи уште воденицата работеше а и јас во неа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А другион дел од настанов, или непогодица наречи го ако сакаш, што се случи помеѓу мене и таа иста Стојна во наши денови, мислам на оној случај кога наврати во мојата соба во Бањи дури откако бев пензиониран, не можев да го протолкувам поинаку одошто само како нејзино навраќање кај старата љубов, за да чепне уште малку, се разбира нешто ако останало од таа стара љубов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Првото легнување на Стојна, што таа намерно сакаше да го забошоти, се беше случило кај нашата воденица покрај Пребег.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Па сепак, реков:„Можеби имаш право, можеби моето прикажување ти заличило на конференција!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ете тоа е приказната за незаборавниот случај од пред Војната и на она што се беше случило покрај Пребег.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А згора на тоа, колку што се сеќавам, стануваше збор за изнуден исказ.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А на мојата божемна конференција само се обидов да го прикажам она што ни се беше случило долу, на патот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зар да ги убедува грдите сеирџии дека она, што го сметаат за нејзина слабост е всушност нејзината најголема среќа?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе спомнеше и некои недоразбирања што и ги создавала празнотијата и осаменоста во нејзината соба а бев сигурен дека заборавноста не и го беше избришала оној совет што самата ми го понуди, а тоа не се беше случило којзнае кога, туку неодамна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеби бидејќи бев поспан?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се обидував да му објаснам дека тоа не е нормално, дека е целосно лудо; дека не би можела да издржам, дека ме скокотка, а тој рече: „Да не те понижува, можеби?“, и јас, во тој момент знаев, бев сигурна дека Јан Лудвик не е дојден туку-така и дека одмаздата, без разлика колку тој се преправаше дека е рамнодушен кон сѐ што му се беше случило, сѐ уште тлее во неговата душа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Немаше ниту потреба да говориме нешто за нас, нешто што веќе ни се имаше случено, оти изгледаше дека сѐ меѓу нас веќе се беше случило, и дека веќе не би можело ништо да ни се случи што би било непознато.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Од изразот на лицето на татко ми ништо не моев да разберам, како ништо да не се беше случило.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Такво нешто дотогаш не ми се беше случило.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Годинава се беше случила неродна и феласите ги чуваа овие спасоносни плодови за гладните месеци коишто веќе беа дојдени во овие зафрлени населби.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На лицето му се беа случиле само мали промени, кои сепак целосно го преобразуваа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кој ќе ѝ објасни што се беше случило толку страшно во нејзиниот живот за да ја доведе во ваква безнадежна состојба? До вакво растројство.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но еднаш се беше случило да соберат од некој силник такви слободни луѓе и за вечни времиња да бидат задржани на односниот чифлиг како чифчии – робови за работа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Нора ја вршеше најтешката работа, ама сепак кокетираше.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ќе одев да гледам како се куглаат таму...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Никогаш не ми се беше случило тоа...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ах! Да не бев толку зафатен...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Оброкот богат, метаморфоза... тоа никогаш не ни се беше случило уште...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но тоа се беше случило веќе: јас со сета своја неразумност, посакав веќе двапати да му се исплазам на она затруено тутуле што стоеше пред мојата врата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Вистински посакав да му се исплазам, веројатно забележил.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А тоа поминување на возилото се беше случило непосредно пред нашата расправа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа ме уверуваше дека си вообразувам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Што се однесува до Катерина, Јана и Бунде тие се однесуваа како ништо да не се беше случило.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Само во еден момент, додека Бунде беше зафатен околу големата гравирана шнола со знаци на риби од јужните мориња на косата на Јана, Катерина се обиде да ми даде знак со раката дека треба веднаш да ја напуштам просторијата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А зошто тоа да не се случи и повторно? (Да не заборавиме, тоа ѝ се беше случило на тетка Боса од страна на најмилото).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Можеби навистина беше така. Заборавете го случајот!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Која власт ќе можеше да го расправи тоа“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Којзнае што сѐ се беше случило помеѓу него и Генералот, но тоа беше нивна пресметка, нивно недоразбирање и, се разбира, нивен грев.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се разбира, добро испадна сè тоа што се беше случило.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Па така од тоа собирање, се беше случило во џебот да ми заостанат неколку зрнца грав.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Потоа го отвори дневникот и часот почна како ништо да не се беше случило.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Патем го сретнав Нацка, кој денес не беше дојден в училиште и немаше поим што се беше случило.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)