бев (гл.) - сврти (гл.)

Татко ја беше свртел последната страница од својот живот...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Споменикот се извишуваше над Веселчани, над Потковицата и беше свртен натаму, преку Битолско Џаде, накај Алинци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таа веќе беше свртела да се враќа, но сепак се поврати, иако тегобно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Моето внимание сега беше свртено кон содржината на ферманот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тие уште употребуваа борина за светло што сами ќе ја насечеа по боровите кории, тие уште носеа кошули од домашно ленено платно, тие уште јадеа домашен, црн ’ржен леб, иако цело село од поодамна се беше свртело кон готово, купечко бело брашно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Висока - се извишуваше над сите. Раскажуваше нешто и чудесно се смешкаше.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Го здогледав и Љупчо. Беше свртен така што можеше да ја гледа Соња.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Со очите и мислите ја барав СОЊА. Ја здогледав меѓу група девојчиња.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ајде, ајде! Јас чекам! Лев Петрович беше свртен кон мене.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)