бев (гл.) - свитка (гл.)

Товарен грб полн стомав, велеше, а мевот воопшто не му се гледаше бидејќи тој Алија сиот беше свиткан навнатре, од тежините што ги пренесуваше.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И точно сред лето работата беше завршена.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ѕидарите се разотидоа дома на зимување, а градителот ја минуваше зимата во својата колиба од која речиси никаде не излегуваше, а постојано беше свиткан над своите планови и пресметки.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Андон беше висок, со долги раце до коленици, со нескладна конституција, најмногу заради вродената мана левото рамо видливо да му биде поткренато во споредба со десното, при што крупното тело, со нагласена комбинација на испупчени коски и разиграни мускули, смешно му беше свиткано на десно.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)