бев (гл.) - пропушти (гл.)

Вистинскиот миг, барем засега, беше пропуштен.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во сите наброени случаи работодавачот не смее да го откаже договорот, освен ако е поведена постапка за престанок на работодавачот (чл. 45, ЗРО/05). 19 Но, во поглед на притворот, оваа одредба всушност и не е нова во вистинска смисла, бидејќи уште во ЗРО на СРМ (1990) постоеше изречна одредба, која со носењето на ЗРО (1993), несмасно, беше пропуштена.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Хелвиг, вистински Германец. Знаеше што е потребно за по пат. Не беше пропуштена ни една ситница.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
С. ме погледна со големо сочувство, како да го бев пропуштил последниот воз а тој не е во состојба да ми помогне.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не беше пропуштен ни еден човек во гратчето - кој можеше да даде нешто за училиштето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Четвртиот ден Петре го беше пропуштил, така и петтиот, зашто манастирските чоеци не се согласуваа да останат без него крај сергијата, како без Петре ништо да не бидуваше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)