бев (гл.) - прогони (гл.)

Иако имаше добар изговор да дојде тука, на секој чекор беше прогонуван од стравот дека некој од црноуниформираните стражари ненадејно ќе се појави од зад аголот, ќе му ги побара документите и ќе му нареди да го снема.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога сме кај сметањето, да ви кажам дека во циркусот опсесија ми стана пресметувањето на волуменот на чаши и пехари; ме интересираше колкав е волуменот на еден женски папок, штом толку ѕвезди собира во него, и какво жестоко небесно питие има во папокот на жената при парењето, штом толку жестоко опива тој пијалак, сосема невидлив, занемарлив кога се изразува во единиците за волумен); значи, тие имаа простор, ние дел од него; ние бевме прогонети од големото на малото небо, а нѐ прогонуваа такви како Луција, како Фискултурецот, како подоцна и Земанек; така беше тоа и беше – утешно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Така, Татко се заплетуваше во своите мисли за границите на новото време, кога и Игор Лозински, во бурната балканска ноќ по спасот на патот на јагулите, беше прогонет од оракулата на минатото свртена кон иднината.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Мајка ми беше во Полска, татко ми во Грција (заборавив да кажам дека кога беа затворени во Лерин татко ми со браќата и снаата, татко ми не го пуштија од затвор, туку беше прогонет на островите во Грција и таму беше сѐ до 53 година ...ако е точно, не сум баш сигурна(!)... кога го ослободија живееше во Лерин, ама беше политички неподобен).
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)