бев (гл.) - прогласи (гл.)

Ги прогласуваа за југенди сите оние кои си ја сакаа својата земја, а оние кои ги бранеа правата на педерите беа прогласени за прозападни демократи.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Татко, дел од студиите по право и исламска филозофија ги оствари во Цариград, кај Мајкините роднини, а неговото студирање го надгледуваше, колку што му дозволуваше времето, неговиот вујко Али Фети Окјар, тогаш министер за внатрешни работи, а потоа и прв премиер откако Турција беше прогласена за Република на чело со Мустафа Кемал Ататурк.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во меѓувреме, порастот на холивудските филмови режирани од црни режисери беше прогласен како инстант рецепт за национален хаос, додека постојаниот прилив на акциони филмови зашеметува со белите суперхерои кои ја програмираат американската младина да убива на команда за да ја спаси оваа величенствена нација од мрачните непријатели како што се Садам Хусеин и Мануел Антонио Нориега.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Според нивното мислење, само од себе се подразбира дека поединците, низ јазикот односно наследството, произлегуваат од својата нација а не обратно, како што беа прогласиле опасните софисти од претходното столетие.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сталин беше прогласен за врховен виновник за милиони, милиони невини жртви во земјите на СССР и неговите сателити.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Албанската православна црква беше прогласена за афтокефална на Конгресот во Берат кој се одржа од 10 до 12 септември 1922 година и чии одлуки ќе бидат прифа­тени од државата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Таа година гостин беше поранешниот пре­миер на Англија Тони Блер и рок ѕвездата Пол Меккартни од Битлси, којшто беше прогласен за почесен професор по музика на YALE.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Но, бидејќи по распадот на бившата заедничка држава, се изгубија голем дел од пазарите кадешто фабричките производи беа етаблирани и препознатливи, фирмата западна во тешка криза.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Поради кризата од која не се гледаше излез, многу вработени беа прогласени како технолошки вишок – и тоа во неколку наврати, а некои и самите се обидоа да си го бараат „чарето“ на друго место.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Оваа постапка, во февруари 2011, заврши со осудителна Пресуда XIX K.бр. 1652/10 против сопственикот и управител на градежната компанија (градежен инженер Т. Орцев), со која тој беше прогласен за виновен за сторено квалифицирано кривично дело тешки дела против општата сигурност10 затоа што свесно не ги испочитувал одредбите од тогаш важечкиот Закон за заштита при работа (1998 – денес вон сила, бидејќи е заменет со ЗБЗР/2007).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Врз база на оваа реконструкција 9 јавниот обвинител од ОЈО Скопје (Ж. Крстевска Јосифовска), кој првично неосновано се прогласи за ненадлежен, сега беше должен да покрене кривична постапка пред Основниот суд Скопје I – што и го стори во април 2010, со Обвинителниот акт Ко.бр. 3832/08.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во почетокот на турбулентното транзициско време, оваа фабрика се трансформираше во големо акционерско друштво и се преименува во АД „Порцеланка“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работната атмосфера во фабриката беше прилично напната: работното време не беше стриктно почитувано од страна на генералниот директор (Г. Рафајловски), потоа работниците беа преместувани од едно работно место на друго по негова желба и сл. – што значи, можеме да констатираме дека, практично владееше еден вид на несанкционирано самоволие на директорот, како да оваа државна фабрика небаре е негова приватна сопственост.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Спорот настана кога Ангелеска, во декември 1996, со решение за престанок на работниот однос, беше прогласена за технолошки 188 вишок – но, не и беше дадена испратнина (отпремнина) која законски ѝ следуваше, во износ на 12 месечни плати, како и пет заостанати плати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но сѐ кажа дрвото, сѐ видовме: на кората од тоа дрво беа наресани, како слики убави, сите букви кои Стефан Писмородецот ги беше прогласил за свое видение, за род и пород свој.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
За 2 октомври, кој беше прогласен како празник на мир и демократија во светот, ме задолжија да подготвам реферат и да го прочитам пред војската и народот од Елбасан.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тајното гласање беше забрането а демократијата беше прогласена за непогодна за југословенската шема на работите.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Национализмот беше задушен а беше поддржуван и на сила воведен нов вештачки југословенски национализам".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Што ме запираше да го сторам тоа? Дали сознанието дека многу од тие случувања само ме допреле и одминале а за нив ќе дознаев откако ќе беа прогласени за недоразјаснети тајни? Или не ќе да беше така?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или, гласовине, што не избираа ни час, ни време, дури ни патека само за да допрат до мене биле и нешто друго освен нашепнувања?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дванаесет години од таблетата Во октомври 1985-та THE FACE магазинот беше првото британско списание што објави текст за дрогата која штотуку беше прогласена за илегална во САД, и почнуваше да продира во Европа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Грета: Ох, да, да, да! Продолжуваат да се бакнуваат. Маргина 37 153 XTC 154 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Јаков не одговори.  Со зимата и првите студови, стигна и гласот дека почнува примената на бугарскиот закон за заштита на нацијата, со кој Евреите беа прогласени за граѓани од втора категорија.  Јаков потстана во постелата зашто со светлината што допираше однадвор се слушаше и гласот на шамашот6 кој потсетуваше дека е Ханука7, празникот на светлината.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Хрисостом и Карер беа прогласени за „Праведници меѓу народите”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ниту еден Евреин од Закинтос не настрада во текот на германската окупација.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Набргу, во конкурсот на еден весник нејзиниот балкон-градина беше прогласен за најубав во градот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Му се заблагодарив за малкуте песни кои ми ги објави во збирката Песни од Картагина (пишувани како еден вид дипломатски анти-телеграми во времето кога бев амбасадор во Палестина, во државата која беше прогласена, според неговата напишана декларација), кои беа печатени на арапски јазик во неговото списание Ал Кармел.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Најдовме слободни мигови на височинката на Свети Наум, на подводната гранична линија, која ги делеше моите две земји, Македонија и Албанија, да разговараме за минатото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имено, работниците уште имаа право да бараат заштита на своите права пред надлежниот основен суд, но повеќе не во наведениов случај т.е. кога ќе беа прогласени како „технолошки вишок“ – што, секако, беше на работ на неуставноста. 25 д) бројни негативни промени претрпе одредбата од ЗРО (1993) според која работниот однос не може да престане ако на работникот не му е обезбедено барем едно од следниве три права: (1) вработување кај друг работодавец; (2) стручно оспособување, преквалификација или доквалификација; или, пак, (3) испратнина – чл. 130, ЗРО/93: •  во врска со испратнината, со промените до кои дојде со носењето на ЗРО (1993) веќе не се предвидуваше дека работникот, кој бил прогласен за технолошки вишок, а на којшто работодавецот не можел да му обезбеди ниту едно од правата во согласност со закон – има право на паричен надомест најмногу две години, а кој не може да биде помал од загарантираниот личен доход, како и право на пензиско и здравствено осигурување за овој временски период кога е без работа (чл. 18, ЗРО/90).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сакаше, како што Мојсеј повел еден народ кон слободата на ветената земја, да го поведе човечкиот род кон ослободување на Јас, кон ослободување на човековата суштина од оковите на потиснувањето и од мрачните понори на несвесното.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Беше Едип, беше Каин, беше Ное, а во оние желби кои не сакаше да си ги признае посакуваше да биде пророк, и затоа им го одзеде Мојсеј на Евреите – самиот тој сакаше да биде единствен, ничиј, самороден, па таков си го претставуваше и оној што од луѓето беше прогласен за она што самиот тој, брат ми, сакаше да биде.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Случајот беше прогласен за затворен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Откако ја потроши и втората кутија цигари, Марија остана без чкорчиња.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Јас познавав и друг градоначалник, мошне слабичок, кој веднаш од граѓаните беше прогласен за слаба фараонова крава и подоцна, ниту една негова наредба веќе не можеше да има сила.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Јас познавав еден градоначалник, кој макар што одлично ги знаеше законите, но успех немаше, затоа што се задушуваше од маснотиите насобрани во неговото тело.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Лири беше затворен и осуден на триесет и седум години.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој е автор на повеќе од триесет книги во кои пропагира контроверзни политички и научни идеи. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 26 Неговите експериментирања со психоделиците во 1960 година беа прогласени за штетни и во 1970 год.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)