бев (гл.) - пречека (гл.)

137. Таквиот обид на Партенија Зографски во 1857-1858 год. беше пречекан со остра реакција од бугарските национални дејци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Татковата сестра замина. Но, таа со сопругот не беше пречекана како што очекуваа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Партизаните на ДАГ се спуштаа по стрмните планински удолници и густите шуми и на приодите пред градот паднаа во минските полиња и беа пречекани со урагански митралески и автоматски оган.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- А зелените? прашав. - Што зелените? бев пречекан со прашање.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Преку начинот на кој беше пречекан, Ѓорѓе беше сигурен дека само еден е на негова страна. Тоа беше Никодин.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)