бев (гл.) - претстави (гл.)

Во рацете го носеше свечениот позлатен владички стап.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа вечер седна на своето биро и долго пишуваше едно писмо.  Утрото тие зимски денови од новата 1944 година заедно со градоначалникот Карер, Хрисостом се појави пред двајцата највисоки германски претставници.  „Господа, инсистиравте да Ви се предаде список на Евреите”, изјави свечено владиката на беспрекорен германски.  За таа прилика тој околу вратот обеси крст и две панагии, две овални икони на златни ланци на кои беше претставен ликот на Христос Спасителот и на Богородица со малиот богочовек во рацете.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Затоа со него беа претставени само стилските елементи, особено тие во длаборез.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Македонија-дрво“ беше претставена со неколку стилски дневни соби и комоди, производство на „Црн бор“ од Прилеп и на „Димче Еребица“ од Куманово, додека ШИК „Борис Кидрич“ излагаше видови столови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со свои експонати беа претставени најкрупните производители.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Покрај стручната комисија, имаше и една друга, во сенка, составена од претставници на власта, на Партијата и на градскиот архив, како и од некои други лица кои не му беа претставени на Татко.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Убаво се загледав во фотографијата на која беше претставен амбасадорот, во свечената дипломатска облека, седнат крај камин, во очекување на некоја значајна аудиенција.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Исто така беше претставен и на мојот семинар во 1992 во Школата за критика и теорија на Дартмут колеџот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
„Тогаш, да одиме во Аугартн,“ рече брат ми, и Сара ја затвори книгата и ја остави на својата постела.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Пред да ја отвори книгата, Сара ги погали кориците, на кои беше претставен есенски пејзаж, и кажа дека со години не била во парк.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На тие митинзи не беше претставен сиот македонскословенски народ со неговата интелигенција, затоа резолуциите беа и неполни и еднострани.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со љубопитност застана покрај излог од еден дуќан да ја погледне сликата, на којашто беше претставена една убава жена, која си го симнуваше чевелот, разголувајќи ја притоа целата нога, исто така совршено убава; а зад нејзиниот грб, од вратата од друга соба, си ја подаваше главата некој маж со бакенбарди и убава шилеста брадичка под усната.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во една тоталитарна варијанта, прогресот беше претставен како мешавина на социјалниот дарвинизам, еугенизмот и науката за расата од крајот на XIX век и за создавањето на надчовекот, со цел да ја трансформира човековата историја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во една од верзиите на ова верување, човекот ќе се потпре на дијалектиката, претпоставена како објективна, која според Маркс треба да го, создаде новиот човек.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мартин беше претставен со истата слика што ја приложи кога бараше иселеничка виза, едноставно на мајка му и се допадна и ја врами.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ние тука ќе се задржиме на конечната, совршена верзија, онака како што беше претставена во Единаесеттото издание на Речникот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во годините по Револуцијата таа беше во ситуација да ја заземе оваа командна позиција речиси без отпор, затоа што целиот процес беше претставен како акт на колективизација.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој беше претставен од татка си како „чорбаџија“ и него имаше да го слушаат аргатите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Градовите беа претставени по азбучен редослед.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Дека има дивјаци или луѓе кои се однесуваат како такви, би било тешко да се спори.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Под написот беа претставени девет слики од оваа интересна личност во текот на различни активности.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во тој период со големо внимание го следев творечкиот орус на Едгар Морен, кој во просторите на поранешна Југославија веќе беше претставен со петина најпознати книги, меѓу кои посебен одек и влијание имаа книgите Човекот и смрtта, Духот на времето, Автокритика, Како да се излезе од XX век, Промислување на Европа...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Пред извесно време, во едно угледно римско списание за архитектура и уметност, беа претставени фотографии, цртежи, слики на сто избрани градови во светот, со цел да се фиксира душата на секој од овие градови.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Еве како јас ги претставив вашите книги: Минаа три или четири години, од времето на емисијата, која сега за жалење ја нема, Panorama na France-Culture од 12.00 до 13.30 во која во кус осврт беше претставена една книга под наслов Времето на козите, напишана, се прецизираше, од амбасадорот на Рерублика Македонија во Париз од албанско потекло.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ви благодарам за прекривките, за вашата благородна мисла, која не престанува да ме следи во овие тешки времиња во потрага по спокој за пишување. Ваш Луан Старова
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На средбата со македонските писатели, откако од претседавачот на собирот беше претставен и со искажувањето дека Роже Кајоа го поставува човекот во центарот на рланетата Земја, како најсовршено суштество, тој непредвидено го прекина предавачот и несогласувајќи се со неговото тврдење дополни: Не, почитуван претседателе, јас никогаш не сум го поставувал човекот во центарот на егзистенцијата, за мене човекот е и како другите животни, кој произлегува од делувијалниот период, со незавршена еволуција...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во тие времиња кај нас постојано се цитираше една Титова изрека дека човекот е наше најголемо богатство и дека, тој е во средиштето на егзистенцијата. Времиња, обичаи...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Исто така, во извештајот недвосмислено се потенцирало дека „политичкото движење на локалните Словени“, не било „во полза на Бугарија туку за една независна Македонија“ и дека "неговата надворешна поддршка доаѓа од југословенска Македонија, а не од Бугарија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од извештајот недвосмислено произлегувал заклучокот за „неочекуваниот солиден славомакедонски карактер“ на областа во која престојувал Еванс и дека „западномакедонското словенско население во приложениот извештај е претставено како многу похомогено, испреплетено со бегалци или со други Грци, и произлегува дека е значително поголемо од она што беше претставено во грчките официјални податоци“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Го разгледаа камениот иконостас, запалија свеќи, Миклош се крстеше и метанисуваше, и тогаш синот на Пајко го втренчи погледот на ѕидот, каде што беа претставени Волкашин и неговите два сина, од едната и од другата страна, како го крепат, небаре две крилја на неговата изнемоштена става.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)