бев (гл.) - претвори (гл.)

Ги носеше книгите во својот скуден дом во кој сите ѕидови ги беше претворил во библиотека.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Таму каде што се беше претворил веќе во вода, брзаше долу низ долчињата да ги натопи зелените ливади и да се скрие во утробата на мајката земја за да се врати на есен или зима преку матните облаци и да се обнови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ја повикува и довикува не со гласот, зашто гласот се беше претворил во липтеж, ами со дланката завиткана во бел окрвавен завој.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со Џулија не му беше тешко да разговара за такви работи: за Кетрин, во секој случај, одамна беше престанал да мисли, и сѐ беше претворено во непријатно сеќавање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сексуалниот импулс беше опасен за Партијата и Партијата го беше претворила во свое оружје.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Целата историја беше претворена во палимпсест што се гребеше и одново се испишуваше, онолку често колку што беше потребно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со овие два едноставни збора на псевдонимот кој беше претворен во негово начело, Duchamp ги открива, но едновремено и прикрива филозофските претпоставки на својот живот и своите редимејди.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Анаграмот на анаграмот не само што го изедначува животот со Еросот (земен во сите свои многубројни алхемиски и митолошки значења) туку и Еросот со Невестата (сфатена и во егзотеричното и во езотеричното значење), бидејќи Rrose (Невеста) е живот (Ерос).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Нѐ прегрна и двете притискајќи нѐ, како да не си веруваше на очите, откако ја видел грозната слика на урнатината во која се беше претворила нашата зграда.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Стивенс целиот беше претворен во уво: наштутуваше ловејќи го секој шум околу него: пркнување на птица, шушнување на гуштерица или на некоја друга тишка низ сувите лисја; кога ќе спискаа сојките, срцето му забрзуваше, зашто знаеше дека тие први се вознемируваат кога ќе осетат дивеч.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Станот ни беше претворен во аптека, шишиња со инфузии, лекарства, спрејови, шише со кислород.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Арсо се беше претворил во согласност, доверлива и покорна согласност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сиот беше претворен во вид и слух.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Па така многу поранешни ниви, на кои дедо Димо сееше жито, беа претворени во сливарници.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Мишко се беше претворил во очи и уши.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Париз беше претворен во некаков арсенал на историјата, во музеј на времето, во еден вид енциклопедија на мртвите крај живите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Така би и во таа темна ноќ кога душата беше претворена во светлина за да го осветлува патот на сина си до границата која го сечеше Езерото на неколку километри од гратчето Подградец Бабата своите внуци, кои сега се оддалечуваа засекогаш од неа со малиот чун во судбинската ноќ на својот живот, ги заспиваше со прикаски и легенди поврзани со блиското Езеро, чии бранови често допираа и до бреговите на нашите соништа, ги вознемируваа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога и самиот, понесен од необјасниви реминисценции на младешкиот идеализам во себе, во пролетта 1979 година со најдов во сталинистичка Албанија, на прославата на 100-годишнината од раѓањето на Сталин, само за неколку дена ја вкусив горчината на сталинизмот кој земјата ја беше претворил во сталинистичка оаза, опколена од илјадници бетонски бункери, со Атеистички музеј среде, како да имав докази на некогашната таткова теза за големата моќ на преживувањето на јаничаризмот!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А Французите можеби имаа и најмногу историја со која се справуваа во текот на вековите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
6. Преградените простории во бараките, некогаш што биле спални, сега беа претворени во ателјеа; со тоа што дрвените легла на катови беа извадени, а на нивно место се отвори простор за долгата тезга со алат, за грнчарско колце на ножен погон и за купот глина во аголот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Префрлавме дрва, некакви сурови цепаници само што беа исечени од планината; животворната сок им беше претворена во мраз.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се вратија таа есен, и за само едно годишно време се беа претвориле во прекрасни млади жени со префинето однесување, со француски фрази во кокетливиот говор, со израз на лицето кој не изразуваше збунетост и пониженост, туку една лежерна скромност и радост од животот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А болката продолжуваше, како да ми го свлекуваше месото од коските, а и коските ме болеа од очај.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Очајот се беше претворил во физичка болка, се прпелкав во креветот, и проколнував, немав друг лек за болката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Им се воодушевував на моите сестри, на нивните гестови и нивните разговори.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)