бев (гл.) - престане (гл.)

Долу во дворот жената беше престанала со пеењето, но далечните викотници на децата допираа од улицата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа беше доволно. Сајм беше престанал да постои: тој никогаш не постоел.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со Џулија не му беше тешко да разговара за такви работи: за Кетрин, во секој случај, одамна беше престанал да мисли, и сѐ беше претворено во непријатно сеќавање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се беше пополнил во телото, воспалените вени се беа повлекле, оставајќи само едно кафеаво петно на кожата над глуждот, нападите на кашлица рано изутрина беа престанале.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Гласот веќе му беше смирен, плачот беше престанал.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Старецот го погледна и му се поднасмевна: „Со празни раце доаѓаме нa овој свет и кога ќе го напуштиме, ништо не можеме да понесеме со себе“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Онаму каде што знаеше дека оди другата група не можеше да види никакво движење.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но пукотницата беше престанала. Веќе никој не го довикуваше неговото име.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Беше престанато со разденувањето, иако во нив остануваше очекувањето барем уште малку да се поразвидели.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога излеговме од киното дождот веќе беше престанал.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Беше јасно дека крајот на студената војна и биполарната епоха ќе му даде ново обележје на судирот на Блискиот Исток.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јасер Арафат со својата мировна фаза ќе верува во спектакуларен успех, за многумина тој беше престанал со самоубиствената стратегија која дотогаш го обележуваше неговото владеење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се сеќавав на она што го бев сонувала; во мојот сон Зигмунд беше мртов.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се разбудив испотена; надвор дождот беше престанал и мракот паѓаше преку темномодрината на облаците.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Макар што одамна беше престанало пукањето, над главата ми профучеа првите куршуми.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)