бев (гл.) - пресмета (гл.)

Ме излудуваа затоа што беа пресметани (и воопшто, Луција беше свесна дека е убава и имаше еден сосема јасно деклариран економски однос кон сопственото тело, чија убавина ја натценуваше токму со тие непотребни движења со кои истакнуваше делови од телото); но мене тоа не ми пречеше, туку напротив, го сфаќав тоа како сигнал кој ми ветува дека некогаш, кога и да е, ќе ја имам Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На ова, следуваше и законска затезна [по ново „казнена“] камата6 – која во конкретниов случај беше пресметана на не така занемарлив износ од 46.873 МКД (770 EUR) – со што целата сума, 113 по сите основи, која на крајот ја доби Марковски изнесуваше 344.635 МКД ( 5.650 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со новата тужба тој бараше, а подоцна со Пресудата (донесена од судијата Ѓ. Радојков) и доби надомест на претрпена штета [reparatio damni] поради незаконит престанок на работниот однос во вкупен износ од 286.121 МКД (4.690 ЕУР) и тоа: а) 275.811 по основ на неисплатена плата која би му следувала доколку одел на работа; и б) 10.309 по основ на пораст на животните трошоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Глупости, нашиот кревет беше пресметан, строго испланиран, студен механизам што го придвижуваа мотиви далеку од срцето и душата. Во отсуство на клиентка креветот ти го исполнував јас.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дури бев пресметал во себеси дека зајменото ќе можеме да го вратиме за месец или најдоцна за два, а самиот настан го бев сместил помеѓу оние мали авантури што барем до случајот со столовите немав храброст да ги престорувам живот но затоа пак постојано ги смислував и ги оставав слободно да шетаат низ мојата фантазија.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Ова свратување во гостилницата не беше пресметано како што сега си замислувате за изведување некакви дејствија и агитирање кај селаните.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)