бев (гл.) - почне (гл.)

Тие на ден, на два, туку ќе дојдеа, а нашите веќе беа почнале да нè одбегнуваат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тогаш, одамна, кога сето тоа беше почнало, тој се обиде да í се извини на девојката погледнувајќи ја пред да излезе, но таа воопшто не се вртеше.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Дури и кога беше почнала да „биде самата таа”, на почетокот се осмелуваше да биде тоа единствено одразувајќи ја стварноста на психијатарот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И, само да беше почнал Адем со турското „анасениаврадини" и со камшикот по очи, по глава како што имаше обичај секој Турчин, Толе беше готов да му се фрли и да му ги исчепка очите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Си ги претури во торбата што ја понесе да ја наполни сливи за да ги залаже децата и сакаше да си киниса, да ги суредува парите дома, но се сети дека може да предизвика сомнение што се враќа рано и празен, та дури можеше некој и да му буричне во торбата и да ја открие работата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И така тој си го отвори тагарџичето и ги разбуричка жолтиците, кои веќе беа почнале да „мувлосуваат" од влагата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Одбра неколку убави јаболка за себе, одбра потоа некои ситни и некои што беа почнале да скапуваат, стегна под мишката и малку сено, па грижливо затворајќи ја вратата, се врати во колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Како краен резултат произлегуваше грдото уверување дека се она што го сторив со своето заземање за скапоценостите на Цвета Басотова било всушност последица (или каприц, како што просудија други поединци) од мојата неразумна вљубеност во Басотова. (А се знаело какви недоразбирања создава неразумната љубов).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Најтажното во случајот со Басотова беше дека со нејзиното повлекување од обвинението алката беше скината, а без неа, без таа алка, барем во овој јасен случај, не можеше да се затвори синџирот на самоволието, алчноста и другите несреќи кои за волја на вистината и не беа почнале ниту пак завршија со случајот на Басотови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А така убаво ја беа почнале играта!
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
„Расположена ли си за Донг вечерва?“ ќе те прашав.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не беше веќе потребно да се расправаме или да се милуваме за да ја повикаме удавената жена; каде и да одевме, таа се појавуваше по своја волја: во ресторантот „Роки италијанска говедина“, во „Линдо Мексико“, и во „Куќата на Донг“, нашиот омилен кинески ресторан во кој што сѐ уште често одевме затоа што во почетокот на годината, кога беше зима и ние тукушто бевме почнале да излегуваме, нѐ оставаа да седиме и разговараме до касно само со малечки шољи јасминов чај и раздробени „колачиња на судбината“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Постојано се шегувавме околу одењето таму.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој смета дека Македонците како литературен јазик си го имале старословенскиот – сѐ до половината на минатиот век, иако грчкиот во многу области веќе беше почнал да го заместува.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Младичот беше задоволен и често повторуваше дека ова ќе мора да им успее, му објаснуваше дека ги притиснале в ќорсокак луѓето од монополот, го извеле тоа многу добро, а за она му рече дека тој ќе мора да си однесе и нешто дома, таа пролет; тој веќе беше почнал да се подготвува за одење в село.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зимата дуќанчето им работеше како саат и беа задоволни кога имаа што да им испратат на Мара и на Јовко, кој таа зима веќе беше почнат да оди на училиште.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Утредента на истото место, но овој пат со силно турско кафе и цигара, двете дами беа подготвени да го завршат разговорот кој беше почнат претходната вечер.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Акакиј Акакиевич веќе беше почнал да се извинува, но сите почнаа да зборуваат дека е неучтиво, дека е просто срамно, и тој веќе никако не можеше да се откаже.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Веќе по неколку минути, сиот вцрвенет, беше почнал да убедува доста наивно, дека шинелот воопшто не бил нов, дека тоа било само онака, инаку шинелот бил стар.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Лесно треперење, некое развејување. Размислуваше кога беше почнало тоа, но веќе не знаеше: одам низ некоја улица и гледам една куќа и се сеќавам на некој замок, налик на оној во Фиренца, но тие се допираат само со еден одблесок и се гаснат.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Не вредеше да се прашува Иваз зошто е итно, тој ќе останеше или нем како картагинските статуи или ќе го каже веќе чуеното во вакви пригоди.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го погледнав осаменото семејство во градината во која Раиз го беше почнал бојот со дивото билје.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Она што се случуваше беше само продолжение на еден процес што беше почнал пред години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон се наведна и внимателно се почеша по напнатата вена. Беше почнала одново да го клука.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, да се вратиме на темата, бевте почнале да ми ја објаснувате вашата одлепена „музика за кршење на грамофони”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ж: Прав сте! Значи како што ви кажав, г-дин Ракот ми беше дошол на гости еден ден.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Можеби за првпат откако го паметам, Виктор навистина беше почнал да слегува од својот матен облак.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Јас не бев почнал со ниту една од моите дневни обврски а таа веќе се однесуваше како да си оди денот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Презентацијата веќе беше почната.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тогаш, неговата прва реакција е да замине во туѓина, во brace new world, каде што умеат да го ценат (и добро да го наплатат) знаењето, што, на приватен план, најчесто резултира со економски просперитет и депресивна отуѓеност на вечен странец.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Иако со забавено темпо, поетов беше почнал да се созема.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Станува негова прилика. А приликите во животот на дед Павел беа почнале да се влошуваат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А ти, токму што беше почнал да пркнуваш.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не гледај ме така, сериозно сметам оти по години и години и самите ние ќе личиме на нашите дела. Или тие на нас.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Детето го оставивме без десерт, ете цревата уште му кркорат од што е гладно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Веќе бев седнал на шолјата и бев почнал да се концентрирам на моите вознемирени црева, кога ми се стори како да начув леки чекори врз мекиот теписон кој од тоалетот излегуваше право во ходникот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тие си се викаа на фамилиите, зашто сега беа почнале со таква работа да се занимаваат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тетка Фора меѓувремено го стави меѓу нив софричето, истото она што им го ставаше уште кога како деца беа почнале да доаѓаат па почна да го кити.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Стојат на улицата и навистина не знаат што да прават. А така убаво ја беа почнале играта!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)