бев (гл.) - поттикне (гл.)

Откако бев поттикнат на таква творечка размисла врз романот Атеистички музеј, јас повторно сега се чувствувам повикан да го дообјаснувам романот Времето на козите, низ нејзината суптилна анализа, која донесуваше за мене нови интерпретативни вистини, наспроти познатите француски автори кои се искажаа и пишуваа за оваа книга (Ален Боске, Едгар Морен, Морис Друон, Ерик Фај, Жил Лапуж, Лоран Ковач и други).
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Бевме речиси деца, кога прв пат застанавме на Вацлавске Намјести, јас на десетина метри од будното и љубопитно око на Јирачек.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Започнавме како љубовници и сѐ што правевме беше поттикнато од таа љубов.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Башевски, меѓутоа, оди и натаму, така што античкиот мит за наследениот грев го комбинира со иронизирањето на идејата која во текот на југословенските војни беше поттикната од политичкиот концепт според кој традицијата, историјата и потеклото, се клучните компоненти без кои, наводно, не е можно да се доврши личната, ниту националната индивидуација.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Очигледно тие не зависеа и не беа поттикнати од однесувањето на штотуку влезената).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Така ти е тоа во живеачката, продолжи да зборува Огнена Гулева”, му раскажував на Даскалов, „се си мислиме: ако излеземе од дома ќе ѝ го смениме патот на судбината“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)