бев (гл.) - постави (гл.)

Сѐ уште не го беше поставил прашањето што прво му падна на ум.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа бавно ги поткрена очите од чорапата што ја плетеше со пет игли и со конецот на вратот додека клопецот со преѓа шеташе по војничката чинија од алуминиум.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И денес убаво се сеќавам зошто и го бев поставил тоа прашање.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ама, нели, и не е морално да се знае празникот за да го празнуваш? - си одговори Кадри на прашањето што самиот си го беше поставил.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Го кренав погледот кон дрвото од чија што крошна се истураше празничната музика кога наеднаш ја здогледав индивидуата потпрена на стеблото и загледана во нас.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се разбира јас незнам колку е будна кај мене таа потсвест.но првата помисла што ми наиде оној ден во ходникот кога го видов натрапников се однесуваше на решението што си ги бев поставил уште кога се будев тоа утро.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бев решил случајно ако го сретнам зошто на пример да не му се обратам?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Гого се замисли, зашто тоа прашање не си го беше поставил, па и жена му не го прашаше на испраќање.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Татко си беше поставил за цел да се определи за една од двете империи кои се вестеа: Американската и Советската.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)