бев (гл.) - послани (гл.)

Потоа легнавме на креветите, направени од штици на кои беа послани стари ќебиња. Чувствував како ме касаат болви.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во влезната просторија мала фурна за печење на еден или најмногу два леба; имаше камин до фурната, а масата беше со нозе прицврстени помеѓу црвените тули што беа послани како под, а низ отворената врата се гледаше другата просторија, онаа со огромни каци во кои лежеше виното.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
По подот одвреме навреме претрчуваше по некој стаорец.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)