бев (гл.) - порача (гл.)

Татко беше порачал терзија дома за да му сошие нови бечви и нов џамадан со гајтани опточени. За оној век алишта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Уште еден нов почеток на неговите многубројни приказни – се обиде Бојка да го релативизира она што им го беше порачал Виктор, додека излегуваше.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)