бев (гл.) - побегне (гл.)

На крајот се разбра работата од каде беше: Мајка му на јузбашијата беше била каурка — Гркинка, но беше побегнала за некој си бег во Солун, ама од голем мерак што имале обајцата еден спрема друг, таа успеала да го кандиса да не ја потурчува, што значи тој беше од татко Турчин, а мајка христијанка, која во неговото детинство беше повлијала на неговото воспитание и разбирање за каурите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сето ова беше направило од овој Турчин културен човек, и тој како таков се покажа во Полчишта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Неочекувано брзо останав предалеку и од едниот и од другиот: Сновалката веќе беше побегнат, а момчето веќе се губеше зад првиот агол.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И кога тој, за кого беше побегнала бегалка, ќе ја погледнеше попреку, таа му се вртеше и, со рацете на колковите, му се правдаше: „Е, не фаќа клетва од мајка, де!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)