бев (гл.) - побара (гл.)

За времетраењето на спорот не беше изречена „времена мерка“, иако тоа беше побарано од страна на Ристески и неговиот адвокат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Па нели, во тие моменти на неговите страдања таа седна и во мојот скут и ми изјавуваше, божем тихо, (но доволно јасно за да слушне и тој, а и Зрновски) некаква припадност што јас од неа не ја бев побарал; дури и отворено ме покани таа вечер да преспијам кај нив, (забележала дека прилично сум алкохолизиран) а забележав како и Стариот писател се придружува кон оваа нејзина покана бидејќи неколкупати одречно замавна со главата кога таа го праша дали има нешто против.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Високо специјализираните професии се најдоа на списокот на забранети улоги, откако една професорка по филозофија, чија пасија беа медицинските енциклопедии, доживеа тешка траума присуствувајќи на операција на слепо црево, каде од неа беше побарано да го направи првиот рез.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Мирон Донски му беше побарал, претходно, да го прочита па потоа да го одобри текстот што требаше да биде прочитан на малата пригодна свеченост.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Беше очигледно дека Зрновски е најдоследниот подржувач на нејзините желби и ги одобруваше сите нејзините постапки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во процесот пред Основниот суд Скопје I, како надлежен првостепен парничен суд, Ристески беше застапуван од полномошник - адвокат (С.Марков).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)