бев (гл.) - пишува (гл.)

Уводните текстови во „ Тајмс“ беа пишувани на него, но тоа беше само tours de force, што можеше да го изведе единствено специјалист.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Книгата, објавена од еден од издавачите крај Универзитетот Сорбона, беше пишувана во младоста на Камилски, служејќи се со сознанијата на западната педагошка наука и дијалектичкиот материјализам што произлегуваше од Октомвриската советска пролетерска револуција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Текстот од песната како да беше пишуван за некого, се најде во него.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Филтерот беше замислен, и беше пишуван, пред се како забавна колумна.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Имаше притоа Мехмед паша постојано при себе и еден стар ферман со султански оловен печат стасан до дедо му, славниот Исхак-бег, кога овој стана заповедник на Скопје: ферманот беше пишуван со рака и зелено мастило, а дојде во футрола од ѓон, со сребрени скопци, и залепена со восок: не само што постојано го препрочитуваше тој ферман, туку и го учеше на памет.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Да беше ракописот смирен, прецизен, јасен и да беше пишуван во подолг временски период, сигурно ќе беше многу пократок.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Писмата беа пишувани на грчки. Децата што знаеја да читаат, ги читаа по цели часови.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Имаше и писма. Беа пишувани на грчки јазик.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Многупати бевме пишувани во тефтери и нас не само што не имаа забележано со име и презиме и место на раѓање, туку и со број на дадени овци и кози, коњи, телиња, волови, крави, кокошки, покривачи, веленциња, чорапи, фанели, столови, лажици, ножеви и виљушки, денови поминати на копање ровови и градење бункери, носење камења и трупци на врв планина, пренесени ранети, одземени чеда големи и мали, загинати и ранети, живи и сакати.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)