бев (гл.) - падне (гл.)

Во меѓувреме, покрај тоа што на фирмата почна слабо да ѝ оди пласманот на својот асортиман и да назадува зад конкуренцијата на пазарот, настануваат и одредени внатрешни превирања и поделби на вработените на неколку табора.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, бидејќи претходно таа веќе беше паднала во немилост на нејзиниот директор – и покрај тоа што на дел од останатите работнички кои беа напуштени по истиот правен основ, им беа исплатени испратнините кои законски им следуваат – тоа, од неразбирливи причини, не беше сторено и во случајот на Триманова!?7 По ова, таа прави обид настанатиот спор спогодбено да се разреши – на трипати, во придружба и на нејзиниот сопруг, се обраќа до сопственикот којшто истовремено е и менаџер на акционерското друштво.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Иако во рамки на претпријатието МК „Стоби“, барем на хартија, имаше основано и регистрирано синдикат, неговото неактивно раководство замижуваше пред ваквите неправди и беше сосем безгласен во заштита на правата на тамошните работници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Човекот всушност беше паднал на коленици на подот, со кренати составени раце.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Веројатно беше паднал во бессознание неколку секунди.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа беше мисла што нему буквално никогаш не му беше паднала на ум.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Четворица стражари воведоа во ќелијата една огромна руина од жена на околу шеесет години старост, со големи обесени цицки и со густи прамени бела коса што во борењето ѝ беа паднале на лицето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не, таа конкретна мисла никогаш не му беше паднала на ум на Винстон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа се случи на едно друго скришно место што го знаеше Џулија, камбаната на една руинирана црква во еден речиси напуштен дел од градот, каде пред триесет години беше паднала атомска бомба.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога се врати во хотелот едвај ја отвори хотелската соба зашто на другата страна од вратата беше паднал еден висок куп вертикално поставени книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Хорацио, според моето убедување, беше премногу, односно мртов ладен, во однос на алармантната психичко-здравствена ситуација во која бев паднал.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Беше свесна дека токму на овој ефект беше паднал и некој друг пред него .
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Еднаш, уште пред години, крв беше паднала за таа иста вода“, рече тој колку што е можно поговорнички, „кога сопотскиот старешина, со помош на луѓе од Реснанскиот сарај, за рушвет, се обидел да ги сврти изворите кон нивниот синор. Тогаш, а камоли сега!“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Го одредивме местото и го обележивме. Имав едно жолто дрвено метро, последните десет сантиметри му беа паднати.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Некаде во комплексноста на неговото битие броилото се превртело и нејасна магливост беше паднала врз неговиот вид.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Немав потреба да разговарам со Земанек ама баш ништо; тој беше паднал во некое чудно настроение, блиску до лутина, и кога јас го прашав: „Лут си?“, тој рече: „Не, луд сум.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој рече да почекам и се упати кон жената- пајак, која по вторпат беше паднала во својата мрежа и во неа се прпелкаше обидувајќи се да застане на нозе и да излезе од густата преѓа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И потем ми подаде рака, ми помогна да станам, да се наместам и потсуредам; го фрли шишето во една грмушка и јас дури тогаш видов дека сонцето беше паднало ниско, и дека денот полека почнал да гасне.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Еден харачлија баш беше паднал во една варница во дервишки сокак, па има празно место.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Костур рано беше паднал под капата на грчкиот владика, како ли му беше, аха, ми текна – Каравангелис, ли? Не, не, тогаш не беше тој.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Потоа додаде: “Ако така се умира, тогаш не се плашам од смртта.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Одеднаш, во потполна слабост, не знаеш која си,” рече и, замолчувајќи, го тргна праменот коса кој ѝ беше паднал преку лицето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Надвор беше паднал густ мрак како тесто.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Иако уште не беше паднал мракот, низ буките беше сѐ повеќе и повеќе мрачно.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Беше паднал и не може да се мрдне.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)