бев (гл.) - осветли (гл.)

И тогаш Катерина застана среде светлината како да очекува мракот да ја завитка во изресеното темно платно што го држеа по краиштата со растреперени прсти најситните ќерки на ветерот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Катерина слегуваше спокојно и мирно. Скалите беа осветлени со факелите поредени покрај двата ѕида на кои се гледаа знаци што потсетуваа на оние во Египетските пирамиди.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Улицата сѐ уште беше осветлена.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)