бев (гл.) - одреди (гл.)

И Татко и Камилски, секој на свој начин, и според свои мотиви, беа обземени од мистериите на османското време, задржани и скриени, присутни во мирисот и здивот на вековите заборавени во џамиите и вакафите (битолските кадиски записи), во шепотот на водата на шадрваните, во ехото на исчезнатото време во ановите, во звуците на чаршијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По откривањето на битолските кадиски сиџили (од ХV-ХIХ век), тој се најде пред вистинска ракописна Атлантида на исчезнатото османско време на еден од значајните делови на Балканот, со што патот на судбината беше одреден.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше јасно дека „пресудата“ ми беше одредена во вториот разговор со А.А. во кафеаната пред „сведоци“ и се разбира Х.Х.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Трасата беше одредена така што да не се појават премногу проблеми.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Нему, како дотогаш неосудувано лице и фамилијарен човек, му беше одредена алтернативна мерка условна осуда од шест месеци казна затвор, со напомена дека оваа затворска санкција нема да се изврши доколку осудениот, во рок од наредни две години, не стори ново 201 кривично дело.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Оваа постапка, во февруари 2011, заврши со осудителна Пресуда XIX K.бр. 1652/10 против сопственикот и управител на градежната компанија (градежен инженер Т. Орцев), со која тој беше прогласен за виновен за сторено квалифицирано кривично дело тешки дела против општата сигурност10 затоа што свесно не ги испочитувал одредбите од тогаш важечкиот Закон за заштита при работа (1998 – денес вон сила, бидејќи е заменет со ЗБЗР/2007).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Да, бегот цело време ова го зборуваше за него: го ставаше на местото што му го беше одредил како казна.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На света Недела, наредната, дојдоа Танаско со Пена и синот на Борис Биџов, дури од под Калето, од Фестивална, ги викнаа и синовите на Коста Ципата, Атанас на Вета и двата големи сандака, наполнети со облеката на двете Пелагии, ги кренаа на раце и ги однесоа онде зад фабриката, прво во дворот на тетка Перса, а потоа и во одајчето што беше одредено за нив.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Како да бев наследил дел од балканската историја со која Татко не можеше да излезе на крај и ми ја оставаше на разрешување, во мојата младост, сѐ до доцните години на животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во распоредот на неговите книги можеа да се наслутат патиштата кои ми ги беше одредил.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Семејната судбина беше одредила јас да го остварам враќањето, невозможното враќање од егзил, во родниот Поградец, во Земјата на езерата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)