бев (гл.) - оддалечи (гл.)

Животот го беше оддалечил од инструкцијата. – Како сакаш Мајко, така кажи, колку години имаш! – Имам, сине, седумдесет години.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа остана со својата осама и со татковите книги.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во нејзиното писма одѕвонуваше тишината на нејзината осама, нејзиниот божји долг што си го препишуваше на својот живот како да ги спаси чедата, кои сега ја напуштаа заодени по патот на нивните семејства, а јас се бев оддалечил најмногу, следејќи ја кривата на својата амбиција Колку ли пати пишував многу побезвредни депеши, се внесував целосно во нив, сигурен дека можеби никој нема да ги удостои со вниманието што им го посветував, наместо да ги пишувам одговорите на писмата на мојата мајка, кои беа незаменливи делови живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јас се бев оддалечил најмногу од неа во долгиот дипломатски мандат... Писмото беше испишано само на една страница.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дента кога си одевме од Будимпешта напуштајќи го малиот свет што ние го создадовме во станот на Еца каде што беа сите предци и потомци на дедо ми Митре, Слобода не се појави на железничката станица (Западна страна) која беше оддалечена стотина метри од зградата на Еца!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Впрочем, Тангер беше оддалечен неколку часа; дури и главниот пат на брегот (на кој можеби би имало автобуси) беше неколку километри од плажата, попладнето си одминуваше, а требаше да се вратиме во Американското школо на вечера пред моето попладневно предавање кое, со оглед на темата, во најлош случај ќе биде само неразбирливо за Тангерците во публиката, а не и навредливо. Маргина 34 71
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)