бев (гл.) - објави (гл.)

Придружен дел на овој текст беше и едно интервју кое Buzoni го направи со Вулкански некаде 1992-та и кое беше објавено во една од книгичките во шест примероци, од кои Маргина нема ниту еден, такашто тоа интервју (според некои индиции доста значајно, бидејќи самиот Вулкански открива некои „автопоетички“ шифри за провалување во неговите текстови) може да се смета за загубено (по потрагата што ја преземавме). okno.mk | Margina #22 [1995] 77
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Нуне беше објавил неколку поетски книги.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ме обзеде силна возбуда кога крај сликата беше објавен фрагмент од романот Времето на козите (Il tempo delle capre), објавен на италијански јазик во превод и со поговор на професорката на Неаполскиот универзитет Марина Џавери.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
По три дена, кога излезе бројот на весникот во кој беше објавен нејзиниот текст за филмот што го гледавме, најпрво ја отворив триесет и втората страница каде што ги печатат текстовите за театарски претстави, телевизиски и радио емисии и за филм, што некои ги нарекуваат критики, а други - рецензии.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Беше објавен и денот на стапувањето на новиот повеќепартиски систем.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Неодамна ископав еден негов необјавен говор кој го оддржал 1945-та за да му се заблагодари на Аргентинското друштво на писатели на Почесната награда која му била доделена како знак на извинување затоа што не ја доби Националната награда за литература онаа година кога ги беше објавил измислиците. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 215
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Рече: „Долги години верував дека растам во едно предградие на Буенос Аирес.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во тој говор, тој го опишува јадрото на својата творечка лабораторија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Вистина е дека сум одгледан во градина, зад долга железна ограда, и во библиотека со безброј англиски книги.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)