бев (гл.) - обрасте (гл.)

Таа стрмнина некаде беше обрастена со грмушки, а некаде имаше по некој стар даб.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Јадар и плеќест, неговата тркалезна глава беше обрастена со бујно навиткана коса која му се мешаше со исто така бујната брада. Усните му беа набабрени и напукнати.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа беа врвовите од крошните на највисоките буки, со кои беше обрастена сета таа угорница, која тој требаше да ја искачува целиот иден ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мислеше, приближувајќи се до стеблото, на своите раце, мислеше на својот чекор, продолжуваше да сеќава некаква неизбежна радост, некаква неизбежна тишина, што му го опфаќаше целото тело, а за сето време загледан само во тоа масивно стебло, целото извиено, вивнато нагоре и смирено под беличестозеленикавите висулки бради, со кои што беше обрастено по корубата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)