бев (гл.) - обжали (гл.)

Во однос на спроведувањето на Пресудата, која во јануари 2005 стана правосилна и извршна, бидејќи не беше обжалена – оваа операција одеше доброволно.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во ова „второ полувреме“ од спорот, каде што обете странки, секоја за себе, си ги сносеше судските трошоци Марковски – усно на записник – го повлече тужбеното барање за оштета поради неискористен годишен одмор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Збирното траење на овие два сукцесивни процеса за исто фактичко прашање, пред Основниот суд Скопје II, беше околу девет 40 години – со две негативни првостепени пресуди кои беа обжалени, па со повторно враќање од Апелациониот суд Скопје на ново судење, за да конечно третиот пат добијат позитивна пресуда во нивна корист.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Исто така и парничните трошоци, во висина од 50.286 МКД (825 ЕУР), паднаа на терет на тужениот поранешен работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)