бев (гл.) - обеси (гл.)

Копчињата од крагните немаа што да стегаат – шиите веќе ни беа обесени.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Од појасот откопча две гранати што пред малку ги беше обесил на појас и ги стави пред себе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но бидејќи полека се навикнуваше на мракот, со двете раце се држеше за ременот од пушката што му беше обесена на рамо, главата ведната и мислите или во гаражата на мајсторот Ратко или на корзо каде што во Охрид беа девојките, тој просто полека, нога за нога, шеташе од аголот на училишната зграда до попречениот ѕид обраснат во капини и назад.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Беше обесена на два железни синџири, а на неа беше испишано бизарното име на ветеранското село ЛОЈАЛНОСТ ДО ГРОБ. ***
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)