бев (гл.) - наполни (гл.)

Сплесканиот профил од стара бакрена пара имаше натечена клепка. Како да беше наполнет со жива.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Цела ноќ Радица се превртуваше, како некој да ѝ го беше наполнил душекот со белутраци.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Косата ѝ се беше наполнила со гасениците кои лазеа по дрвото на кое се имаше потпрено.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги тргав од нејзината коса; некои успевав да извадам, некои се распрснуваа меѓу моите прсти, испуштајќи слузава течност која се лепеше за мојата кожа и за косата на Сара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Уште не одеше во училиште, но со нетрпение ги броеше месеците, бидејќи беше наполнила шест години.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Инекцијата ја беше наполнил со сублимат, безболно брзо ја заби меѓу рожнатите ребра, кон треперливото срце. „Тука...“, рече пејачот, „боже...“
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ружа, која штотуку повторно ги беше наполнила оружјата за миг, неочекувано, пред да изусти збор, беше разоружана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)