бев (гл.) - нападне (гл.)

При крајот на 1940 година Грција беше нападната од Италија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како да не паметам? Нели беше зима? Нели беше напаѓал снег до колена?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Двапати беше нападнат од заседа, божем од разбојници, и темелно претресен под мој личен надзор.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На 6 април Грција беше нападната и од Германија, а на 28 истиот месец грчката војска потпиша капитулација.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми се виде млада, достоинствена, цврста, како во некогашните времиња, кога беше вистинскиот столб на куќата, врз која сега беше нападнал најголемиот снег во градот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Исфрлањето на снегот му беше многу потешко одошто во почетокот, но за среќа - снегот што беше напаѓал преку ноќта, не беше дебел. Ги пушти говедата на вода.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во втората половина на XII век, во времето на српскиот жупан Немања143 и бугарските царови Асеновци или Асановци, 144 Византија беше нападната од крстоносците и од разни други непријатели.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)