бев (гл.) - навлезе (гл.)

Директорот на Институтот, како историчар, но и писател, беше навлегол во архетипските тајни на отоманското време.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тој беше навлезен и во духот и на Ататурковото судство според западноевропските урнеци, но, во суштина, тој сепак остануваше отомански кадија во сталинистичкото антизападно време.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко беше изненаден од каде и како Чапаев беше навлегол во неговите планови.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Чорбаџиите, таман беа навлегле во пиење и скоро сите, освен Сивета, кој слабо пиеше ракија, за да пие вино, беа наполовина свесни.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Стравуваше Татко, кој беше навлегол длабоко во балканската историја, со својот живот и со своите потраги, да не ја релативизира опасноста од натамошното постоење на јаничар, овој, според него, најопасен збор не само на Балканот туку и на светот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мора нешто да се стори, за подобрување на состојбите. –упорно сакав да наметнам разговор за иницијативи за промени, но не ми успеваше, секој беше навлезен во својата лична приказна...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Шумот на гласовите се намалуваше: несомнено бевме навлегле во некој зафрлен и отпатен дел од куќата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Дрвената платформа беше навлезена во езерото, на неа две стари столици - клацкалки.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Таа беше навлегла во некој пригушен, мистичен агол на неговото битие и со своето необично барање таа ги разбуди неговите скриени тајни, древни и несомнени верувања.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Заедно гледавме во нашиот двор, во кој пак беше навлегол ветерот и пустошеше.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
И само по десетина чекори, кога беше навлезен во сивината на таа осојничава длабочина, тој знаеше дека патот меѓу стеблата може да биде и единственото нешто, што ќе е во состојба да го пребори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Чекавме и обајцата со месеци. Претседателот Бургиба тогаш беше навлегол во деветтата деценија од животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Седнав до неа. Заедно гледавме во нашиот двор, во кој пак беше навлегол ветерот и пустошеше.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)